Свет

Кинезите и Германците имаат најдобро мислење на својата економија

Кинезите и Германците имаат најдобро мислење на својата економија

Нееднаквото економско заздравување во последните шест години, од почетокот на кризата е причина за грижа во целиот свет и повеќето луѓе мислат дека економијата на нивната земја не оди во вистинска насока.

Економијата на својата држава, во лошо светло ја гледаат граѓаните на Грција, Италија и Шпанија, земјите кои најтешко се погодени од кризата, додека најдобро мислење за својата економија имаат Кинезите, Виетнамците и Германците.

Како најголеми економски проблеми во светот се издвојуваат растот на цените, невработеноста, јавните долгови, но и јазот меѓу богатите и сиромашните. И очекувањата се разликуваат, па граѓаните на земјите на кои релативно добро им оди се оптимисти, додека оние од земјите во криза, мислат дека се’ ќе остане исто, или дека ќе биде полошо.

На глобално ниво 60 отсто мислат дека економските перформанси на нивната земја се лоши, при што тој удел во развиените земји е 64%, а во економиите во развој 59%. Оптимизмот е поголем во земјите во развој, каде 51% мислат дека економските перформанси се добри, покажал најновиот извештај на истражувачкиот центар Pew.

Истражувањето е спроведено на 48.643 испитаници од 44 земји.