Ќерката на Јоксимовиќ стана пејачка

Мина Јоксимовиќ, ќерката на Жељко Јокисмовиќ реши да тргне по стапките на нејзиниот татко.

Таа на својот профил на Фејсбук објавила селфи фотографија од студиото „Минакорд“ кое е во сопственост на нејзиниот татко.

„Уште малку и готово“ , напишала над фотографијата.

Дали станува збор за нова песна или пак за цел албум, ќе дознаеме наскоро.

Инаку, Жељко порано призна дека Мина има афинитет за пеење и дека планира по завршување на Музичката академија да се занимава со пеење.

фото: blic.rs