Кој го испрати лажниот новинар да направи инцидент во општина Карпош?

СДСМ и нивните коалициони партнери и понатаму продолжуваат со својата деструктивна политика. Последен во низата предизвикани инциденти е настанот во општина Карпош пред неколку дена.

Лицето Никола Савовски кое го предизвика инцидентот на 23-та Седницата на Советот на Општина Карпош одржана на 12.11.2014 година, лажно претставувајќи се како новинар од дневниот весник Вечер, е жител на Општина Центар, син на Ратко (вработен во администрацијата на Општина Центар) и Лилјана Савови.

novinarrr_2Никола Савов е прв братучед на Наташа Савова и е во редовен работен однос во Паркинзи на Општина Центар.

Според информациите од општина Карпош, против ова лице ќе биде поднесена кривична пријава, како и против Магдалена Несторовска, член во Советот на Општина Карпош која го осмисли и режираше целиот инцидент.

Андреј Жерновски како Градоначалник и работодавец на овие лица, наместо да ги решава проблемите во Општина Центар, а докажа дека не е способен за тоа, уште еднаш ја покажува својата некоректност и неколегијалност со тоа што праќа свои вработени и соработници да прават инциденти во Советот на својата соседна општина.