среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Кој знак е „најлесен“ за секс: Скорпиите се лесен плен

На емотивните Ракови потребни им се многу љубов, внимание, подароци и убави зборови за да имаат секс со вас. Затоа, околу нив ќе мора да се потрудите.

sex

Последни вести

Ѕвездите ни откриваат за кои хороскопски знаци треба да вложите најмалку труд за да ги одвлечете во кревет.

Овен

Тврдоглавите Овни нема да се дадат така лесно. Нив мора долго да ги наговарате пред да имаат секс со вас.

Бик

Сите знаат дека Биковите сакаат да претеруваат. Тоа често се однесува и на бројот на партнери. Тие се темпераментни, може лесно да ги доведете до лудило, а доколку им се допаѓате, сексот со нив е загарантиран.

Близнаци

Иако сакаат да флертуваат, нема така лесно да однесете Близнак во кревет. Морате пред тоа да ја добиете неговата доверба, па дури тогаш ако се состават коцките, можеби и ќе го видите без облека.

Рак

На емотивните Ракови потребни им се многу љубов, внимание, подароци и убави зборови за да имаат секс со вас. Затоа, околу нив ќе мора да се потрудите.

Лав

Лавовите сакаат да бидат водачи и доколку имаат шанса со оргазам да ве одведат до ѕвездите, лесно ќе ги наговорите на тоа. Сакаат да флертуваат, да бидат во центарот на вниманието и можете лесно да ги освоите.

Девица

Девиците се грижливи, многу грижливи. Тешко дека првата вечер ќе ги однесете во кревет, но ако успеете во тоа, нема да биде само на една вечер.

Вага

Неодлучните Ваги не можат да се одлучат ни за секс. Додека они размислуваат што ќе прават, како ќе прават, дали ќе прават, ќе го изгубите интересот.

Скорпија

Сексуалните Скорпии обожаваат галење, бакнување и секс. Дури и ако не испланирале нешто, ако им се укаже шанса за секс, тие ќе откажат сè друго за тоа. Сакаат секс повеќе од било што.

Стрелец

Стрелците се исклучително сексуални, но им треба многу време да се одлучат. Ако ги наговорите, бидете убедени дека ве чека супер забава.

Јарец

Јарците се како Овните. Многу тврдоглави и ќе мора долго да ги наговарате.

Водолија

Водолиите се големи флегми. Нив дури е лесно да ги одведете во кревет затоа што им е сеедно дали ќе имаат секс или не.

Риби

Недопирливите Риби ќе имаат секс со вас… Но, после вие ќе трчате по нив.

Најчитани вести