Која е тајната на згодните и витки Италијанки?

Се што гледате на мене им го должам на шпагетите – легендарната изјава на Софија Лорен ја открива тајната на убавината на италијанските жени. Дали е можно да се биде тенок во земјата на пицата, тестенините и сладоледот? Италија е земја на јаглехидрати, но Италијанците никогаш немале проблем со дебелината.

Тоа е поради здравиот и балансиран живот и овие неколку правила во исхраната.

Правило 1: Баланс и помали оброци

Во Италија да се јаде почесто, но помалку.  Исто така, Италијанците не се грижат за калории, туку престануваат да јадат кога се чувствуваат сити и имаат место само за едно кафе.

Во нивната храна, пак, секогаш постои совршен баланс на мастите, јаглехидратите, јадат многу риба и пилешко месо, а ретко црвено месо.

 Правило 2: Користете само едно масло – маслиново

Маслиновото масло има добра репутација со причина. Општо е познато дека маслиновото масло е богато со мононезаситени киселини кои се сметаат за добри масти, а италијанската кујна е невозможно да се замисли без него.

 Правило 3: Консумирајте повеќе свежа, сурова храна

Ова се однесува особено на југот на Италија, Сицилија, каде имаат среќа секое јадење да им е богато со риба. Тие јадат многу домати, зеленчук, јајца, зачини и лимон. Тестенините се јадат само со малку сос од домати, оригано, и секогаш се служат во мали порции.

Правило 4: Постојано пешачење!

Италијанците го користат секое слободно време за мали прошетки. Наместо да користите јавен превоз или автомобил, прошетајте до дома после работа.

 Правило 5: Помали порции за појадок

Појадокот во едно италијанско семејство никогаш не се прескокнува. Но, за разлика од големиот број на Европејци, Италијанците за појадок практикуваат да изедат кроасан или некој колач со кафе.

 Правило 6: Ретко пијат газирани пијалоци

Многу ретко можете да видите Италијанец со било каков газиран пијалак за време на ручекот или вечерата. Овие пијалаци содржат големо количество на шеќери, а како одлична замена за нив е газираната вода со неколку парчиња лимон.

Fresh homemade pizza

Правило 7: Брза храна? Гревот над гревовите!

Ако некогаш сте влегле во италијански супермаркет, сигурно сте забележале дека делот со чипсот и газираните пијалаци зазема мал дел. Во оваа земја луѓето ретко грицкаат, а никогаш не посегнуваат по високо калорична, брза храна.

 Правило 8: Пицата не е за секој ден!

Во Италија пицата се консумира најмногу за време на викендите, кога се излегува со друштвото. Но, тие најмногу ја порачуваат пицата со разни видови сирења и зеленчуци, која секако има малку калории, а преполна е со хранливи состојки.

 Правило 9: Лесна вечера

Последниот оброк кај Италијанците е резервиран за некој лесен оброк. Типичната вечера вклучува супа, мала порција месо или паста, сервирана со порција сирење и зеленчук.

 Правило 10: Не држат диети

Италијанците не спаѓаат во онаа група на нации кои се окупирани со држење диети. Сакате да ослабете? Избегнувајте пржена храна, користете домашен сос од домати и консумирајте многу зеленчук. И последниот совет: Уживајте во храната и јадете без грижа на совест.