Која храна не смеете да ја пренесете преку граница?

Ако се пакувате за годишен одмор, прочитајте што смеете да носите кога станува збор за храната.

Месо, млеко, јогурт и павлака… Ова се производите што ниту годинава нема да можете легално да ги пренесете преку грчката граница. Ова правило не е новина, затоа што според законите на ЕУ, млекото, месото и производите направени од нив не смејат со години наназад да се внесуваат во земјите на ЕУ од земји што не се членки.

Можете да понесете соо себе до пет килограми свежо овошје и зеленчук, а никој нема да им замери ако со себе носат леб, колачи, бисквито, чоколада, мајонез, кечап, макарони, ориз и останати продукти, но само ако нивната вредност не преминува 300 евра по патник.

Обично храна носат туристите што патуваат во апартмани, а освен за во Грција, речиси идентични се правилата и за во Црна Гора и Хрватска.