Колароска 74-та на 10 километри класично нордиско трчање

Со време од 44:46:00 минути што беше доволно за 74-тото место во дисциплината класично нордиско трчање на 10 километри, 16-годишната Марија Коларовска го заврши својот настап на Зимските Олимписки игри во Сочи 2014.

„Дадов се’ од себе иако патеката беше исклучително тешка поради високите температури. Се надевам дека со уште понапорна работа ќе постигнам многу подобри резултати и дека достојно ќе ја претставувам Македонија на следните Олимписки игри, 2018 година“, рече Коларовска, по своето прво појавување на Олимписките игри.