Македонија

Колумнистите во медиумите финанирани од Сорос ги „аминува“ Милчин

Колумнистите во медиумите финанирани од Сорос ги „аминува“ Милчин

Уредникот на порталот Мактел, Саше Ивановски- Полтико во својата најнова колумна открива дека првиот човек на Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ), попозната како Сорос, Владимир Милчин, директно ги одредува колумнистите на медиумите кои ги финансира.

Ивановски пишува дека кога тој го земал грантот од Сорос, не смеел сам да одредува кои ќе му бидат колумнисти, туку истите морал лично да ги одобри Владимир Милчин.

-Тој не ми ги одобри колумнистите Виктор Трифуновски, Тони Науновски и Хелена Роза. Виктор многу зборувал и пишувал против Сорос, Тони бил националист, а Хелена пишувала на теми кои не биле важни за Сорос. Мене пак целта ми беше со Хелена да привлечам публика која сака трач и слободни лајф теми, со Тони сакав да ги привлечам талибанските лудаци на сајтот па да ги едуцираме и да им влијаеме некако да се смират мамето да им го е*ам лудачко а Виктор пак сакав да даде поинаков шмек знаејќи дека тој е закоравен либертаријанец – анти левичар, поборник за слободоен пазар, укинување на социјална помош, субвенции, даноци итн итн, пишува Ивановски.

Ивановски додава дека во една прилика додека бил грантист на Сорос, Владе Мичин на сред коктел во Менада пред многу народ гласно надвор на терасата ми се дерел пред сите за некоја колумна која нему не му се допаднала.

-Настана мртва тишина, сите гледаа во земја од срам а јас бев шокиран како тоа човекот си дозволува вака да ги руга и малтретира своите грантисти! Значи јасно е дека СДСМ има голем проблем со тоа што зависи од Сорос, затоа што во Сорос не се политичари туку една банда на фантазери, уметници, теоретичари, замлатеници што во основа не е лошто туку е симпатично, но проблемот е што овие луѓе појма немаат како се добиваат избори! , пишува Ивановски.

Ваквите пишувања на еден од главните поддржувачи на опозицијата во медиумскиот простор дополнително потврдува колку големо е влијанието на Владимир Милчин и Сорос врз опозициските медиуми, а со самото тоа и колку ставовите изнесени во овие медиуми, а очигледно диктирани директно од Милчин, се отсликуваат врз политиката на најголемата опозициска партија.