Компаниите да им овозможат на вработените усогласување на работните со семејните задачи

Отворање детски градинки во компании во кои работат жени, флексибилно работно време за да можат мајките секој слободен момент да го поминуваат со своите деца, поголеми капацитети на домовите за стари лица каде што ќе бидат згрижени повозрасните членови од семејството-  ова се дел мерките кои треба да се исполнат за родова еднаквост во Македонија.

Министерката за труд и социјала укажа дека во земјава половина од жените се невработени.  Освен за децата и домашните обврски, се грижат и за повозрасните членови во семејството. Потребно е да има родов баланс, затоа ќе се финансира и развојот на домовите за стари лица, покрај воведувањето на  втора смена во градинките.

Од Здружението на жени претприемачи велат дека потребна е и поголема вклученост на мажите во сите активности на жената, бидејќи таа неделно работи и до 60 часа и нема време за семејни обврски.

Пријателски насочени компании кон семејствата  веќе има во Хрватска и Словенија каде моделот се спроведува во 250 компании.