Конгрес на ССМ во Охрид

На 19-от конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој ќе се одржи денеска во Охрид, 113 делегати треба да изберат ново раководство.

Актуелниот претседател  на ССМ Живко Митревски е единствен кандидат за  лидерската функција на која е од октомври  2010 година кога се одржа 18-от конгрес.

Според програмата, на отворениот дел на конгресот се предвидени обраќања на Митревски и гости, по што продолжува работниот дел.