Конинкс: Со мигрантите во Европа влегуваат и џихадисти

Околу 150 мигранти пристигнаа во Грција
Околу 150 мигранти пристигнаа во Грција

Со бродовите на криумчарите, кои внесуваат мигранти во Европа преку Средоземно Море, се превезуваат терористи на џихадистичката група Исламска држава (ИД), изјави претседателот на Европската агенција за правна соработка (Евроџаст), Мишел Конинкс, објави МИА.

Конинкс ја добила оваа информација во рамки на дејноста на Евроџаст за помош на земјите-членки на ЕУ во нивната заедничка реакција против нелегалната имиграција, тероризмот и киберкриминалот.

Таа истакна дека се уште не е јасно каков проблем би можеле да имаат европските органи за заштита на човековите права поради ваквиот влез на борци на ИД.