Низ Босфор во Истанбул минал конвој со руски воени и транспортни бродови, кој се упатил кон Средоземјето.
Очевидци велат дека од август па наваму, присуството на руските воени бродови кон брегот на Сирија се’ повеќе се зголемува.
Според информациите од Истанбул, Русија гради нова поморса база на срдоземното крајбрежје на Сирија, за да му помогне на режимот на претседателот Башар ел Асад.
Америка ја поздрави оценката на Путин дека на Сиријаи е потребна некој вид политичка промена. Но, Белата куќа предупредува дека Русија, доколку се обиде воено да го поддржи режимот на Асад, ќе води изгубена битка. Истовремено, Вашингтон потврдува дека во овој момент не размислува над Сирија да воведе зона на забранети летови.