Криумчари на мигранти се обиделе да прегазат полицајци

Во близина на езерото Младост, вчера вечер околу 21.20 часот униформиран полициски службеник при обид да сопре патничко моторно возило „Фиат Брава“ со велешки регистерски ознаки, лицето кое го управувало возилото се обидело да го прегази полицаецот, но не успеало и на неколку метри го сопрело возилото и се дало во бегство.

Како што соопштуваат од МВР, во возилото биле пронајдени 3 лица-мигранти државјани од Сирија. Потоа наишло и патничко моторно возило „Застава 101“ со велешки таблички, управувано од Р.Д.(1966) од Штип, кое исто така не застанало на дадениот знак на полицаецот и се обидело да го прегази.

Од страна на УПС од огнено оружје-пиштол, испукан е еден куршум во правец на возилото, при што лицето кое го управувало  возилото, застанало.

Р.Д. е приведен во полициската станица Велес, а во возилото биле пронајдени 7 (седум) лица-мигранти државјани од Сирија. Р.Д. е задржан во СВР-Велес и со кривична пријава ќе биде предаден до Основното Јавно Обвинителство, додека странските државјани ќе бидат префрлени во Прифатниот центар за странци-Скопје.