Кривична за струмичанка поради кражба на струја

Кривична пријава е поднесена против Ј.А.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија“.

Имено, како што информира МВР, на 9-ти септември годинава при вршење редовни активности од страна на вработени во ЕВН Македонија-КЕЦ Струмица односно при вршење редовна техничка контрола во куќата на пријавената констатирале дека истата неовластено користи електрична енергија.

Потрошувачот вградил мерна опрема кој не е одобрена-вградена од ЕВН-Македонија при што била причинета материјална штета од 1.063 денари.