Денеска во Основен суд 2 дошло до крвава тепачка меѓу семејството Накови и Омерагиќ, поточно Штерјо Наков неговиот син Драган и сопствениците на Руле Турс, Ружди и Масар Омерагиќ.
При одвивање на судски спор меѓу овие две познати бизнис семејства, најпрво тепачката настанала меѓу синот на Штерјо Наков, Драган и синот на Ружди, Масар Омерагиќ.
Потоа во тепачката се вмешале и татковците, но најдебелиот крај во целата мешаница го извлекол Драган Наков.
Според доброинформирани извори на Нетпрес, во случајот морала да интервенира и судска полиција, која повикала и Брза Помош за да им помогне на настраданите.
Драган Наков со раскрварена глава Брзата Помош го однела во болница.