Кривична за кумановец кој фалсификувал пари

Кривична пријава за триесетгодишниот Б.Џ. од кумановското село Опае бидејќи фалсификувал пари.

При претрес во домот на пријавениот во село Опае се пронајдени и одземени 10 фалсификувани банкноти во апоени од по 50 евра со ист сериски број, кои пријавениот во текот на месец октомври 2015 година ги набавил со цел да ги пушти во оптек иако знаел дека се фалсификувани.