Курц му ја честитал победата на Путин

Во Австрија не постои толеранција за радикално размислување и политички ислам, рече канцеларот, Себастијан Курц, а заменик канцеларот, Хајнц Кристијан Штрахе истакна дека исламот не е дел од Австрија, во интервју за весникот „Стандард“ по повод сто дена од новата влада.

-Законски, исламот во Австрија е признаен како религија од 1912 година. Во нашата земја постои слобода на религијата и секој треба да ја практикува својата вера, но не постои толеранција за радикални и политичкиот ислам- изјави Курц.

По повод 100 дена од доаѓањето на власт на новата влада, која е составена од Националната демократска партија на Австрија (OVP) и Партијата на слободата (FPO), Курц рече дека е спроведена корекција на курсот на австриската политика, што било потребно да се направи, и дека сега се обидуваат да спроведат се што ветиле во предизборната кампања – повеќе инвестиции во областа на безбедноста, намалување на даночното оптоварување за вработените, а пред се ослободување на семејствата со ниски и средни приходи, како и стопирање на политиката на задолжување, со цел долгорочно да се обезбеди социјалниот систем.

– Секогаш го критикував даночното оптоварување во Австрија дека е премногу големо и тоа е причината зошто јас сум среќен што за помалку од 100 дена предложивме буџет со која завршува на политиката на задолжување, а истовремено се стартува со најголемо намалување на даночниот товар на семејствата кое некогаш е спроведена во Австрија- објаснува Курц .

Курт подвлече дека промените што ги започна новата влада не би биле можни со поранешниот коалициски партнер Социјалдемократска партија (СПО).

Кога станува збор за престојното претседателство на Авсрија со ЕУ, тој рече дека тоа ќе биде во знакот на безбедноста и супсидијарноста.

-Ние сакаме да создадеме Европа која ќе заштитува. ЕУ не треба само да донесе придобивки за граѓаните да патуваат без пасоши, или да нема потреба да менуваат пари бидејќи го имаме еврото, или укинување на роаминг, туку она што е од клучно значење на нашиот континент, атоа е да имаме безбедност- рече тој.

Куртц додаде дека ЕУ мора да се справи со важни, а не со „мали” праашања, и не постојано да создава нови правила и бирократија,туку да се фокусира на прашања како што се безбедноста и конкурентноста. Во однос на буџетот на ЕУ по Брегзит канцеларот истакна дека тоа не смее да дојде до дополнително оптоварување на даночните обврзници.

Тој, исто така, зборуваше за претседателските избори во Русија и му честиташе на претседателот Владимир Путин за победата.

– Бев во контакт со него и му честитав. Му реков дека и детално же се позанимаваме со извештаите на набљудувачите. Меќутоа, мене ми е важно да имаме вистински дијалог со Русија која е велесила и важен економски партнер, па битно е да бараме соработка- заклучил Курц.