Курдите го одбранија Кобане

Курдските борци ги одбија новите напади на припадниците на екстремистите на Исламската држава на стратешки важниот пограничен град Кобане кои се случиле во текот на ноќта.

Сириска опсерваторија за човекови права соопшти дека нападаот е извршен по што припадниците на крудската заедница извеле самоубиствени бомбашки напади врз џихадистите на ИД во близина на Кобане, пренесува АФП.

Жена самоубиец се разнела пред џихадистите на ИД источно од градот и убила неколку џихадисти кои го имале опколено градот.

Екстремистите на ИД пробале да го освојат градот и од источната и од западната страна, но курдските борци успеале да го одбијат нападот.

Според зборовите на директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман, жестоки борби се воделе во текот на ноќта, на утрово тие се прекинати. Во моментов може да се слушне само наизменично бомбардирање на градот.

Милитантите на ИД скоро три недели пробуваат да го заземат Кобане, кој е познат и како Аин ал Араб. Со заземањето на овој град, џихадистите можат да ја зацврстат контролата по должина на сириско-турската граница. Курдските борци за сега успеаа да го одбранат градот со помош на воздушни напади кои САД ги изведуваат против припадниците на ИД.