Лаказете си побара трансфер во Јувентус

Напаѓачот на францускиот прволигаш Олимпик од Лион, Александре Лаказете ги разочара клупските челници и најверните фанови со изјавата дека сака во новата клупска сезона да го носи дресот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

“Јувентус е најуспешниот клуб во клупската историја на Италија. Ќе лажам ако изјавам дека не сакам да играм во дресот на Јувентус. Ми се допаѓа идеата да играм за голем клуб, да играм во странство. Сите опции ќе бидат разгледани за време на летниот преоден рок, а сега сум фокусиран само на мојот клуб, на тоа како да постигнам нов погодок. Сега сакам да ја затресам и мрежата на Јувентус. Знаеме дека се екстра мотивирани, дека финалниот натпревар се игра на нивниот стадион, но ние сме подготвени за овој голем предизвик”, изјави Лаказете кој има постигнато 20 погодоци во актуелната сезона.