Латас: Ни оние коишто стојат зад Катица не и веруваат

Во Македонија досега не сме виделе такво интервју, во смисла дека ни во Европа нема такви, своевремено имаше во Русија и Србија и еве сега видовме кај нас. Секој јавен функционер има обврска за своите јавни настапи. Особено кога се работи за носител на судска власт, кој излегол од правен факултет, каде дел од програмата е реториката, вели долгогодишниот новинар и уредник Драган Павловиќ Латас во Отвореното студио на ТВ Нова, на тема „Контроверзното интервју на Катица Јанева“.

Тој ја искритикува и уредувачката политика на јавниот сервис, сметајќи дека е страшен концептот да биде повикан гостин, кому ќе му бидат дадени прашања и одговори што не знае ни да ги прочита.

„Со оглед на тоа што однапред и ги дале прашањата и притоа и ги одговориле, тоа значи дека ни тие не веруваат во неа. И оние коишто стојат зад Катица не и веруваат. Не ја оставија да го каже она што има таа да го каже. И оние што ја донеле на тоа интервју не и веруваат. Не смее јавен функционер да зависи од партиски уредник. Да падне на ниво да си дозволи да биде играчка во рацете на една партија која си ја носи на телевизија. Ние за Јанева плаќаме повеќе од 50.000 годишно од нашите плати“, истакна Латас.