Лавров разговара со амбасадорите на земјите од ЕУ за ситуацијата во Украина

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров разговарал со амбасадорите на земјите од Европската унија и шефот на канцеларијата на Европската унија во Москва за ситуацијата во Украина, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Лавров даде проценка на денешната состојба и приоритетите на односите меѓу Москва и Брисел низ призмата на резултатите од јануарската средба меѓу Русија и Европската унија и ја потврди подготвеноста на Русија да развива соработка со Европската унија во долгорочна преспектива“, истакнале извори од Министерството за надворешни работи на Русија.