Леброн Џејмс сака да се врати во Кливленд

Најдобриот кошаркар во НБА лига, Леврон Џејмс од наредната сезона би можел да настапува за тимот на Кливленд. Неговиот агент Рич Пол, цела недела интензивно преговара со челниците на Кливленд, бидејќи кошаркарот одлучи да го продолжи својот одмор со семејството.

Џејмс може да го напушти Мајами, бидејќи ја искористи опцијата од договорот две години предвреме да може да си замине во друг клуб. Тој е слободен играч, а со “жешките” четири пати играше во финале, а освои само две титули. По поразот сезонава во финалето од Сан Антонио Спар, најави заминување од редовите на Мајами.

“Би било убаво повторно да се вратам во Кливленд и да играм пред старите навивачи. Но, не можам да ја предвидам иднината, само посакувам да бидам здрав. Доколку се вратам се надевам дека повторно ќе бидам добро прифатен од навивачите”, изјави Леброн