Лекарите советуваат: Вакцините го заштитуваат здравјето, да не се одложува вакцинацијата

„Заштити, спречи, вакцинирај” е овогодинешното мото на Европската недела на имунизација која се одбележува и во нашата земја. Во рамки на ЕНИ се одржуваат повеќе активности во кое свое учество земаа и медицинските експерти во областа на имунизацијата.

Гласот на експертите е клучен во подигање на свеста за важноста на имунизацијата и надминување на сите дезинформации за вакцините кои ги заплашуваат родителите.

Спец.др Даниела Марковска, специјалист од областа на семејната фамилијарна медицина во отсекот превентива-предшколска вакцинација при Здравствен дом Скопје, вели дека имунизацијата може да спаси многу животи. Таа е дел медицинскиот тим кој работи во делот на вакцинацијата и кои се секојдневно во контакт со родителите и децата.

Зошто е важна Европската недела на имунизација?

ф1
Спец.др Даниела Марковска, специјалист од областа на семејната фамилијарна медицина

Постои теза дека секое дете заслужува здрав почеток во животот, токму поради тоа сите држави вклучително и нашата ја користат ЕНИ за подигнување на свеста кај населението но и за да ги зајакнат сопствените системи на имунизација. Само на тој начин се отстранува ризикот од повторно појавување на некои високо заразни заболувања кои предизвикуваа смрт, болести, инвалидност како и оптеретување на здравствениот систем и родителите.  Да се потсетиме дека многу тешки заболувања се искоренети како парализа, дифтерија, вариола вера.

Какви се активности се спроведуваат посветени на Европската недела на имунизацијата и кој е бенефитот од нив за вас како здравствени работници?

Прашањето на вакцинацијата е еден од приоритетите на кои нашите здравствени власти посветуваат големо внимание но и ние лекарите и медицинските тимови кои се соочуваме со различни предизвици. Минатата недела се спроведоа работилници и едукативни предавања за имунизација во соработка со СЗО, Министерството за здравство, ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Институт за јавност здравје и Медицинскиот факултет.  Овие предавања се спроведоа од експерти во областа на имунизацијата на кои можат да се детектираат предизвиците со кои се соочуваат медицинските тимови и родилиштата. Исто така голем акцент се става и на антивакциналните кампањи на социјалните мрежи на кои коментираат нестручни лица, се носат стратетии и се разгледуваат нови достигнувања во имунизацијата како и новините во имунизацискиот календар на Република Македонија.

17523416_1479080662124402_7872641422551614799_n

Споменавте носење стратегии во делот на имунизацијата. Кои се клучните пораки од овие активности кои вие лекарите специјалистите и сите засегнати треба да ги реализирате во идниот период?

Беа донесени неколку клучни цели или пораки на кои во наредниот период ќе се работи. Тоа е пред се имунизацијата во раната детска возраст односно детство од 0-5 години ( да не се одложува вакцинацијата и редовно да се примаат вакцини). Потоа имунизацијата во адолесценцијата преку ревакцинација со цел да се добие потполна заштита низ годините. Тука спаѓа и имунизација на возрасните ревакцинации за доживотна заштита против Хепатит Б, тетанус, голема кашлица. Како и имунизација на здравствени работници кои се под визок ризик на работното место.  На кратко целта е многу јасно поставена имунизацијата мора да биде 100%!

Пред неколку дена министерот за здравство , Никола Тодоров изјави дека Македонија е една од земјите со највисок опфат на вакцинација и дека сите вакцини кои се увезуваат се одобрени од Светската здравствена организација. При што ги повика родителите да не го одложуваат вакцинирањето на своите деца. Инаку Европската недела на имунизација е регионална иницијатива координирана од Светската здравствена заштита и се одржува секоја недела во месец  април. Првата Европска недела била одржана во 2005 година а Република Македонија како дел од регионот и земја со висок степен на имунизација активно учествува во оваа иницијатива. Изминатиот викенд беше одржан од настан по 12-ти пат од информативен карактер.

Податоците говорат дека во 2002 година европскиот регион бил официјално прогласен за регион без детска парализа а бројот на случаи на мали сипаници во овој регион опаднал за повеќе од 90% во периодот од 1993 до 2007 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.