Македонија

Либерализација на билатералниот и транзитниот превоз на стока со Полска

Либерализација на билатералниот и транзитниот превоз на стока со Полска

Од 23 – ти јуни годинава стартува договорената либерализација на билатералниот превоз на стока со Полска.

Транзитниот превоз низ двете земји ќе се одвива без режим на дозволи.

Договорената либерализација на билатералниот и транзитниот превоз на стока со Република Полска е од огромно значење за македонските превозници, имајќи го во предвид фактот дека во овој момент Македонија има либерален билатерален и транзитен превоз на стока и со Чепка, Словачка, Унгарија, Србија, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грција, Латвија и други земји, со што се овозможува непречена достапност до европските пазари за македонските превозници.