„Лидер“: Економска револуција во Македонија

Во 2009 година Македонија е трет најдобар реформатор во светот

Во кризната 2009-та година, Македонија останува со еден од најниските дефицити во Европа со 2,7% од БДП. Македонската економија имаше трет најнизок пад во Европа. Според „Дуинг бизнис“ Република Македонија е избрана за трет најдобар реформатор во светот во однос на бизнис климата. Македонија се наоѓа на 51 место на листата на „Форбс“.

Со втората фаза од Регулаторната гилотина се спроведоа 54 мерки за поедноставување на процедурите за прекугранична трговија. Со измена на Законот за царинска тарифа во јануари 2009 година се изврши намалување и укинување на царинските стапки за вкупно 498 стоки од царинската тарифа.

Континуирано се градат регионални и локални патишта. Воведена е електронска наплата на билети во патничкиот железнички сообраќај. Во Железничката станица во Скопје е инсталиран софтвер преку кој можат да се издаваат билети по електронски пат.

Исплатени се 70 милиони евра за земјоделски субвенции. Извозот на земјоделски производи достигна 358 милиони евра. Добиена е акредитација на платежната ИПАРД агенција. Континуирано се спроведува распределба на земјоделското земјиште, а распределени се вкупно 8.871 хектари.

Либерализирана е фиксната телефонија. Во 2009 година се создадоа услови за влегување на уште 6 нови фиксни алтернативни оператори кои на граѓаните на Република Македонија започнаа да им обезбедуваат фиксни говорни телефонски услуги и тоа за 60% пониски цени за меѓународни и национални разговори во фиксната мрежа и за 15% пониски цени за разговори кон мобилните мрежи.

Воведен е трет мобилен оператор. Со влегувањето на третиот мобилен оператор, потрошувачките кошници се намалени во просек над 50 отсто.

Воведен е систем за електронска продажба на градежно земјиште. Првото електронско јавно наддавање се одржа во јули 2009 година.

Воспоставен е систем за издавање лиценци на градежни компании. Почна процесот на лиценцирање на транспортните компании.

Обезбедена е визна либерализација за македонските граѓани! Падна визната бариера кон ЕУ.

Во 2010 година светска криза, Македонија спречи масовни отпуштања

2010 година беше тешка за македонската економија поради светска економска и должничка криза. Светските случувања го запреа забрзаниот развој на домашната економија и донесоа нови сериозни предизвици со кои премиерот Никола Груевски и Владата успешно се соочија и справија. Се одржа стабилноста на економијата, немаше отпуштања на вработените и затворање на фирмите. Се воведоа анти-кризните мерки со кои се заштити и банкарскиот сектор.

Македонија остана ниско задолжена земја со еден од најниските дефицити во Европа од 2,7% од БДП. Спречени се масовни отпуштања од администрацијата или пак намалување на социјалната помош, нешто што се случуваше во многу европски земји.

Задржани се ниските даноци, во период кога преку 80% од европските земји ги зголемија даноците или воведоа нови кризни давачки. Стапката на невработеност од 36.5% во 2006 е намалена на 30.9% во јануари 2011. Тоа е најниско ниво на невработеност во последните 10 години.

Денарот остана стабилен со што директно се придонесе во заштитата на стандардот на граѓаните. Сочувана е стабилноста на банкарскиот систем.

Во 2010 година Република Македонија напредуваше за 5 места на светската листа за конкурентност на Економскиот форум и беше рангирана на 79. место во конкуренција со 139 земји. Земјава напредуваше за 15 места и на листата на Форбс, според која се оценуваат условите за водење бизнис.

Еден метар квадратен за едно евро – започна откупувањето на дворното земјиште на индивидуалните куќи и станбени згради по само 1 евро или 61 денар за метар квадратен. Дотогаш за еден метар квадратен дворно земјиште се плаќаше до 13 евра или 800 денари.

Започна и легализацијата на дивоградбите со донесувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Со тоа конечно се овозможи да се легализираат досегашните дивоградби по симболична цена од едно евро по квадратен метар.

Донесена е одлука за 1 евро почетна цена за продажба на државно градежно неизградено земјиште, на кое според деталните урбанистички планови е предвидена изградба на индивидуални куќи, катни гаражи, стопански капацитети: фабрики, погони и сл., хотелски објекти, како и откупно дистрибутивни и центри за земјоделски производи.

Со проектот Регулаторна гилотина значајно е поедноставена регулативата, поевтинети се услугите и намален е бројот на потребните документи при административните процедури.

Увоз на стари возила – Од 13 март 2010 година моторните возила се царинат согласно промените на Законот за царинска тарифа и промените во Законот за акцизи. Со тоа се создадоа услови да се обнови возниот парк во Македонија со понови.

Агенцијата за странски инвестиции, во соработка со Министерството за надворешни работи, испрати 30 економски промотори во најразвиените земји во светот, со цел да ги промовираат можностите за инвестирање во Република Македонија.

Едношалтерскиот систем го олеснува водењето на бизнисот. Воведени се електронски услуги во УЈП. Се воведе електронски систем за пријава и одјава на работен однос.

Рокот за регистрација на правните субјекти е сведен на 4 часа.

Реконструирани се повеќе патишта, започнуваат активностите за гасификација на Република Македонија. Започна да се реализира Проект за воведување на енергетска ефикасност на градежни објекти во земјава.

Владата во континуитет ги зголемуваше субвенциите за земјоделците и тие во 2010 достигнаа 100 милиони евра. Во 2010 година постигната е највисока цена за откупување на тутунот и истата изнесуваше 192 денари по килограм.

Зголемени пензии и плати – Пензиите се зголемени во просек за 33.5%, а најниските за 40%. Просечната нето-плата во земјава е зголемена за 61%.

Од септември 2010 започна реализацијата на проектот Енергетска сиромаштија. Намалени се и акцизите на нафтените деривати заради ублажување на нафтениот удар на светските берзи, со што цените на овие енергенси значително се намалија.

Продолжува да се намалува цената на мобилната телефонија.

Во 2011 година голем број странски компании почнаа бизнис во Македонија