вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

Лука Волонте: Изборите треба да се одржат, левичарските партии не смеат да ги отфрлаат

Тој додава дека во Македонија има политичка борба, а западните медиуми на ова гледаат како на „шарена револуција“ индиректно спонзорирана од ЕУ и САД.

Лука Волонте: Изборите треба да се одржат, левичарските партии не смеат да ги отфрлаат

Лука Волонте: Изборите треба да се одржат, левичарските партии не смеат да ги отфрлаат

Последни вести

Никој во Европската Унија не може да си дозволи нова Украина. Изборите треба да се одржат, а левичарските партии не смее да не се појават на избори само заради тоа што имаат помала поддршка, пишува во својата колумна еден од најпопуларните италијански политичари, Лука Волонте.

Волонте пишува дека балканските држави станаа клучна област за проблемот со миграцијата, кој ја загрозува безбедноста и стабилноста на Европа и додава дека врз Македонија е ставен неопислив товар.

-Тоа не е голема земја, има само 2,1 милиони жители, но во 2015 година успеа да се справи со 750.000 мигранти. Тоа значи дека бројот на мигранти кои се пријавени во Македонија е пропорционално како во САД да влезат 10 милиони.

Западниот свет, заедно со САД и пред се ЕУ, не треба да ја чекаат оваа криза и протестите во Скопје да го спречат одржувањето на политички и парламентарни избори. Не смее да се дозволи Македонија да стане слободна зона, „црна дупка“ за мигранти и секој кој ги поддржува, пишува Волонте.

Тој додава дека во Македонија има политичка борба, а западните медиуми на ова гледаат како на „шарена револуција“ индиректно спонзорирана од ЕУ и САД.

-Но резултатот од овие „шарени револуции“ со поддржувачи како САД, левицата и богатите спонзори, не секогаш е демократија и почит за човековите права, како што се случи со Арапската пролет. Доколку дозволиме нова револуција на Балканот за време на миграциската криза, тоа ќе биде катастрофа и неправда која не може да се опише со зборови. Никој, поради ниедна геополитичка причина, не може да си дозволи нова држава која се граничи со ЕУ да стане трајно нестабилна, како што се случи со Украина. Многу левичари и анархистички движења кои учествуваа на протестот на 13 април се финансирани директно од Џорџ Сорос. Познато е дека Сорос ги спонзорираше миграциите до Европа со години, без контрола, а неодамна беше обвинет за ова од страна на српскиот режисер Емир Кустурица во интервју за Еуроњуз, пишува ВОлонте.

Волонте пишува деака еден од лидерите на протестот организиран од Сорос е Здравко Савески, марксистички активист кој работи за Левицата.

-Еден од медиумите на Сорос, Радио слободна Европа ја промовира организацијата на Савески. Честопати им гостува како единствен репортер за домашните политички настани во Европа. Потоа протестантите во Македонија ја уништија канцеларијата на Иванов, а Савески се фалеше дека бил еден од нив и на својот Фејсбук профил напиша: „Учествував во демолирањето на канцеларијата на фикусот! И се гордеам за тоа!“ Друг активист во левичарската група е и Бранимир Јовановски. Тој е еден од главните гости и репортери во многу програми на сајтот Призма, еден од медиумите на Сорос во Македонија, а беше еден од 12 лица уапсени од страна на полицијата. Јордан Сисовски исто така протестирал. Тој работи во Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје, а прими огромна сума на пари од Сорос и УСАИД. Еден од најголемите поддржувачи на протестите е Цивил. Главна цел би требало да им е транспарентност за време на изборите, да работат како чувари, но всушност работат како партизани. Се изјаснија дека ја поддржуваат опозицијата за да се избегнат изборите во Македонија следниот месец. Ова е резултат на поразот на разни избори на социјалдемократската партија и нејзиниот лидер Зоран Заев, па поради тоа и не се популарни. Наместо да се соочат со гласачите, тие започнаа шарена револуција со демонстрации и насилство на улиците, пишува Волонте.

По протестите и насилството во 2015 година, пишува Волонте, ЕУ се вмеша како медијатор помеѓу политичките партии и дојдоа до договор којшто требаше да води до изборите на 24 април. Но под притисок од страна на Зоран Заев, оваа дата се одложи за 5 јуни. Но Заев сака повторно да ги одложи изборите во Македонија, па затоа ги поддржува манифестациите на улиците.

-Најпопуларниот лидер во земјата е поранешниот, а можеби и следен премиер, Никола Груевски. Под негово водство земјата покажа одличен економски раст: 3,7 %. Најголемиот раст на Балканот. Секој социјален, здравствен и образовен параметар видно се подобри. Податоците од Светската банка се јасни. Партијата на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, (христијанска демократија) е популарна и има историска основа во периодот пред комунизмот. Во сите анкети поврзани со изборите е на врвот, далеку од опозициските партии. И албанските партии ги поддржуваат изборите. Тоа е главната точна за етнички мир во Македонија, помеѓу православните христијани кои се мнозинство, и албанското муслиманско малцинство, пишува Волонте.

Тој додава дека Западниот свет не може да си дозволи „црни лебеди“, особено не на Балканот.

-Не е време за дестабилизирачки револуциии многу опасни анти-демократски државни удари. ЕУ мора да ја почитува и да и помогне на Македонија, тоа им е главна обврска, и не може да дозволи да настане хаос или да стане тест-локација за геополитички и финансиски причини. Мора да се одржат демократски избори на одредената дата во јуни, левичарските партии и економските странки не смеат да ги отфрлаат само затоа што ќе изгубат. Македонската стабилност не е во прашање, туку првото правило за демократија и европска стабилност. Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, ја разбра оваа ситуација и во интервју за Гардијан ја истакна важноста на балканците. Рече дека и да има проблеми во таа област, „во текот на следните месеци земјите ќе имаат потреба од многу поддршка, затоа што соработката на балканските земји и Македонија не е лесна. Моменталното политичко лидерство е подготвено да донесе тешки одлуки и да се бори со непријатности од страна на мислењето на јавноста“. Се надеваме дека владата на Обама ќе го следи примерот на ЕУ. Македонската влада и луѓето бараат само почит на демократијата, волја на народот и европски сон, заклучува Волонте.

Најчитани вести