Македонија

Магла на повеќе патни правци, сообраќајот се одвива тековно

Магла на повеќе патни правци, сообраќајот се одвива тековно

Намалена видливост поради појава на магла до 40 метри има на патниот правец Жировница – Дебар – Струга, до 50 метри на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје и Велес – Неготино, до 80 метри на  Неготино – Демир Капија и Неготино – Градско и од 50 – 100 метри на патиштата Штип – Велес, Штип – Кочани и Штип – Неготино, пишува МИА.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Авиосообраќајот се одвива без проблеми. Откажан е само летот од и за Истанбул.

На патниот правец А1 Скопје – Гевгелија кај клучка Демир Капија, денеска од осум часот до 16 часот од страна на ЈП Македонија пат и ГЕИНГ ќе се извршува геодетско снимање. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.