Македонци повредени во сообраќајка во Бугарија

Бугарската полиција извести дека на меѓународниот пат Е-75 вчера околу 18.20 часот во сообраќајка близу Благоевград се повредени четворица македонски државјани.

Истражителите утврдиле дека 44-годишниот македонски државјанин Д.Ш. кој го управувал својот автомобил се обидел да го премине возилото пред него, се обидел да го избегне автомобилот кој доаѓал од спротивниот правец, па удрил во дрво.