Одлуката за распишување на референдумот е неуставна и незаконита, но од политички аспект референдумот треба да се одржи бидејќи нема да успее, изјавија денеска од „Македонија бојкотира“.
Додадоа дека не се согласуваат со вчерашната одлука на Уставниот суд, но не постои сомнеж за неуспешноста на референдумот по што ќе следи пад на власта.