Македонија може да извезува производи од говедско месо во ЕУ

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски денес соопшти дека Македонија може да ги извезува сите производи од говедско месо во земјите од Европската унија.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на МИК Свети Николе, Поповски нагласи дека до крајот на годинава се очекува да биде овозможен и извозот на сите производи од риба.

Во однос на свинското месо, додаде, засега во ЕУ Македонија може да извезува само конзервни производи.

 – Агенцијата за храна и ветеринарство организира состаноци со преработувачите и кланичната индустрија за да ги запознае со можностите да аплицираат и да се најдат на листата извозници во ЕУ, истакна директорот Поповски.