Македонија: Над 1,4 милион корисници на Интернет, а милион на Фејсбук

Македонија: Над 1,4 милион корисници на Интернет, а милион на Фејсбук
Македонија: Над 1,4 милион корисници на Интернет, а милион на Фејсбук

Во Македонија интернет користат 1.408.278 луѓе или 68,1 процент од населението, а милион луѓе се приклучени на социјалната мрежа „Фејсбук“, покажуваат последните податоци на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.

Од земјите во регионот, повеќе од Македонците интернет користат Хрватите (75 проценти), Словенците (72,8 проценти) и Босанците со 68,7 проценти,  а помалку Србија (66,2 проценти), Грција (63,2 проценти), Албанија (62,7 проценти), Црна Гора (61,4 проценти) и  Бугарија  (56,7 проценти).

Според Интернет ворлд стат, во Европа интернет користат 604.147.280 луѓе. Во светот има 3,345 милијарди интернет корисници или 46,1 процент од вкупната светска популација