Иако сè уште е рано за овој период од годината, утрово повисоките места во Македонија се најдоа под снег, а снежна покривка имаше речиси на целиот Балкан.
Од УХМР јавуваат дека утрово на Маврово има снежна покривка од еден сантиметар.
Снег има и на Попова Шапка, каде што од фотографиите што ги објавуваат граѓаните на социјалните мрежи изгледа дека снежната покривка е повисока од онаа на Маврово, погледнете.