Колариќ: Сега е јасно зошто и фабрикантот министер Самка Имбраимовски го криеше анкетниот лист

Станува повеќе од кристално јасно е зошто министрите на СДСМ ги криеја анкетните листови, а некои дури и доцнеа со пријавувањето на имотот, а некои како Самка Ибраимоски, својот анкетен лист го достави по истекување на рокот, рече во вторникот Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ
„За волја на вистината имал што да крие до последен момент, а пак можеби и не можел да се допресмета колкав имот има“, рече Колариќ посочувајќи дека во анкетниот лист на минситерот без ресор во владата на СДСМ, Самка Ибраимовски е наведено дека пријавил имот од над 600.000 евра.

„Газда Самка Ибраимоски пријавил имот од над 600.000 евра. Газда Самка кој не пропушташе прилика да каже како македонскиот народ е сиромашен, пријави имот од над 600.000 евра. Сопственик е на фабрика, како и на друг движен и недвижен имот. Маските паднаа“, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш запраша како актуелните министри од СДСМ станале сопственици на луксузни станови, куќи, хациенди на море и луксузни возила и милиони изразени во евра наведени во нивните анкетни листови, кои ги заработиле под услови на наводен „режим и диктатура“.

Колариќ посочи дека граѓаните сé уште ги очекуваат одговорите од „газдите министри“ од СДСМ.

Како министерот Роберт Поповски се стекна со имот од над 300.000 евра? Дали ова е наводниот режим кој тој го говореше цело време? Како газда Никола Димитров во време на наводен режим станал газда на имот од околу половина милион евра кој вклучува стан во Хаг од над 300.000 евра? Како газда Кочо Анѓушев се стекнал со имот од над 28 милиони евра во време на наводен режим? Како премиерот Заев под услови на наводен режим според лично признание заработил 6 до 7 милиони евра богатство? Уште поинтригантно е како кланот Заеви од просечно земјоделско семејство од Муртино со свои фирми за 10 години направиле обрт од 200 милиони евра? Како Шеќеринска се стекнала со 4 стана во време на наводен режим кои чинат неколку стотици илјади евра и самата себеси си плаќа кирија?

„Очигледно е зошто го криеја својот имот газдите од СДС. Лажната скромност и лажната транспарентност излезе на виделина. Граѓаните ја очекуваат транспарентноста од функционерите на СДС која тие ја ветуваа и очекуваат одговор на прашањата како се стекнале со толкав имот во време на наводен режим“, заклучи Колариќ.