Македонско – турски бизнис форум

Петнаесетина компании од областа Башискеле, еден од најразвиените индустриски региони во Турција, денеска на бизнис форум во Скопје ќе воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.

На бизнис форумот, организиран од Стопанската комора на Македонија, ќе има тет-а-тет средби меѓу компании од областа на градежништвото и градежната индустрија, преработката на стакло, металопреработувачката индустрија, хемиската индустрија, трговијата, правните услуги,…

Турските компании присутни во Скопје се членки на Невладината бизнис асоцијација Башсаид од Кочаели која учествува со 6 отсто во турскиот БДП. Во Кочаели се реализира и 13 отсто од вкупната надворешно-трговска размена на Турција.