Малдини го пецна и Марио Балотели

Пред неколку дена јавно ги нападна клупските челници, а сега, легендарниот капитен на италијанскиот калчо гигант Милан, Паоло Малдини, контроверзниот напаѓач Марио Балотели го спореди со бразилскиот интернационалец, Александре Пато.

“Балотели се уште не е шампион. Неговата ситуација ме потцети на таа која ја имавме со Александре Пато. Се додека не дојде тој ден, кога Балотели, на својот грб ќе го носи целиот тим на Милан и тоа да го прави во сите 90 минути, Балотели нема да биде дефиниран како шампион. Јас имам впечаток дека ако Марио игра за Јувентус, тим со јасни идеи, со голем тренер, со група на фудбалери кои играат и за репрезентацијата на Италија, Марио ќе игра на едно повисоко ниво. Најголемата грешка е таа што сите се убедени дека Балотели е виновен за лошата сезона на Милан, што сите се очекуваат од Марио. Балотели не е спасител на Италија”, изјави Малдини.