Малдини: Не сакам да гледам како го уништуваат Милан

Легендарниот капитен на италијанскиот калчо гигант Милан, Паоло Малдини, остро ги критикуваше клупските челници и кај нив ја лоцираше вината за очајните резултати во актуелната сезона од италијанската Серија А.

“Внатре во мене, истовремено чувствувам и без и големо разочарување. Не сум толку лут и разочаран поради постигнатите резултати, лут сум затоа што добив впечаток дека се уништува се тоа што е постигнато, се тоа што е изградено во минатото, се што е изградено во изминатите 10 години. Ужасно се чуствувам, знам колку напорно се работеше во изминатите 10 години, како е изградена приказната за Милан. Не сакам да бидам сведок на нешто што се уништува. Милан не може да му биде конкуренција на Јувентус или на најдобрите 10 тима во Европа. Ова не е проект.  Сидорф не е експерт, но е доволно храбар има победнички менталитет, но тука успех ќе нема ниту Пеп Гвардиола. Вината не треба да се бара кај Сидорд, но Пипо Инзаги веќе две години работи со малдинскиот тим на Милан”, изјави Малдини.