Maтурантите ќе играат квадрил на плоштадот „Пела“

Утре со почеток во 11:45  часот, на плоштадот „ПЕЛА“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Матурска парада 2015“.

Манифестацијата „Матурска парада 2015“, на која околу 800 матуранти од Скопје  ќе го одиграат танцот квадрил, ќе ја отвори градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.