МД „Илинден“: Македонците во Албанија не се Бугари

Македонското дрштво „Илинден“ со седиште во Трана и неговиот огранот за Голо Брдо, од името на Македонците во Албанија реагираа во врска со тврдењата на Друштвото за бугарско-албанско пријателство од Корча дека во Албанија живеат Бугари  и категорично порачаа  да се престане со барањето Бугари каде што ги нема.

– Најостро го осдуваме тврдењето на дрштвото, кој е груб фалсификат на историјата и вистината. Јасно и гласно кажуваме и треба секому да му е јасно  дека на територијата на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така i ќе остане. Членовите на Друштвото за бугарско – албанско пријателство од Корча со земените бугарски пасоши се обидуваат вештачки да  создадат  Бугари во Албанија, кои никогаш ги немало и ги нема, стои во острата реакција на „Илинден“.

Македонското друштво „Илинден“, претходно во име на сите Македонци во Албанија во реакцијаta  го осуди барањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во ЕП, за признавање на бугарско малцинство во Република Албанија, како услов за членство на земјата во ЕУ.

– Категорично отфрлајќи ги  тврдењата на бугарските претставници во ЕП, ние Македонците категорично порачуваме да не се фалсификува историјата и чистата вистина, бидејќи  во регионите Голо Брдо, Преспа и Гора, како и на цела територија на Република Албанија живеат единствено Македонци, а не Бугари, наведуваат во реакцијата.

Македонците  побараа  од владите во Тирана и во Скопје, да го осудат овој чин на бугарските претставници во ЕП и да побараат Македонците од Албанија да не бидат злоупотребувани за стопирање на патот на Албанија кон интеграциските процеси кон ЕУ