Медсен: САД организирале 64 обоени револуции и државни удари

Американскиот новинар и публицист, Вејн Медсен, тврди дека САД ширум светот организирале 64 “обоени револуции” и државни удари, вклучувајќи го падот на претседателот на СР Југославија, Слободан Милошевиќ.

“Државниот секретар Џон Кери изјавува дека САД не поддржале голем број на обоени револуции во светот. Треба да му се прати пакување од 64 пенкала во боја – по едно за секоја револуција која од Слободан Милошевиќ ја подготвуваат во Вашингтон”, нагласил Медсен.

Тој укажал на тоа дека сегашниот државен секретар, кој учествувал во работата на сенатскиот Комитет за меѓународни односи, сигурно најдобро ја познава американската политика на организација, поттикнување и помош во “обоените” движења.

“Посебно поради фактот што Џон Кери беше и претседател на тој комитет, и насочуваше многу расправи кои беа посветени на рушење на владата на Никарагва. Интересно е тоа што Кери во тоа време беше жесток противник на оние кои работеа на државните удари, но на крајот стана “идеален лобист” во таквите активност”, вели Медсен.

Овој публицист навел и список на земји, во кои, според неговото мислење, бил изведен државен удар со учество и поддршка на Вашингтон. Тоа се “Розовата револуција” во Грузија, “Портокаловата револуција” во Украина, Либанската револуција, “Маслиновата револуција” во Палестина, револуцијата во Киргизија, а на списокот се и државните удари во Југославија, Кувајт, Либија, Бурма, Тибет, Иран и други земји, пишува српски Blic.

“Имало планови и за револуции во Молдавија, Монголија, Узбекистан, Еквадор, Боливија и Белорусија”, наведува Медсен.

Медсен потсетил дека, по државниот удар во организација на “CIA”, по кој паднатиот претседателот на Хондурас, Мануел Зелаја, рекол дека планира повторно да се врати на власт, Џон Кери го поддржал велејќи дека тој е “демократски избран претседател”.

“Но, Кери не ја подржал таквата идеја во случајот со претседателот на Украина, Виктор Јануковиќ, кој, како што е познато, на власт дошол демократски, а бил отстранет од власт по неуставен пат”, истакнува Медсен.

Тој оценува дека, во текот на своето формирање, претставници на американската политичка елита, минуваат низ “солидно училиште на лицемерие”.

Медсен истакнува дека ниту Кина “не е имуна” на американските “обоени” револуции.

“Пекинг прв пат бил тестиран дали е во состојба да се брани за време на протестите на Тибет, а потоа и во Хонг Конг”, наведува Медсен.

Медсен во случувањата во Хонг Конг, гледа траги на невладини организации на чие чело се ќерките на милијардерот Џорџ Сорос – “Trace Foundation” и “Tsadra Foundation” кои даваат поддршка на владата на Тибет.

Медсен пронашол и траги на овие организации и во револуцијата во Бурма.