Меркел и Оланд денес во Киев, а утре ќе се сретнат со Путин

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд и германската канцеларка ангела Меркел денеска патуваат во Украина каде ќе го претстават новиот мировен план, со цел прекин на конфликтот во оваа земја.

Оланд изјави дека новиот план ќе биде изложен пред утрешната средба со претседателот на Русија, Владимир Путин во Москва.

Државниот секретар на САД, Џон Кери, исто така допатува во Киев за да присуствува на состанокот.

Европските лидери и дипломати настојуваат да пронајдат начин за да се стави крај на конфликтот, во кој од почетокот на април минатата година досега настрадаа околу 5.000 лица.

Оланд додал дека новиот предлог за мировниот договор се базира на „територијалниот интегритет“ на Украина, кој што би бил „прифатлив за сите“.

Портпаролот на Кремљ потврдил дека претседателот на Русија, Владимир Путин утре ќе се сретне со лидерите на Франција и Германија, со цел да разговараат за што е можно побрз прекин на огнот во Украина.

фото: blic.rs