Меркел му нуди на Путин Дејтонски договор за Украина

Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Франсоа Оланд и геранската канцеларка Ангела Меркел ги отпочнаа разговорите во Кремљ, за решавање на украинската криза. Оланд и Меркел отпатуваа во Москва за да му предложат на Путин нов план за решавање на конфликтот во Источна Украина во кој досега животите ги загубија повеќе од 5.300 лица.

Деталите од тој план не се соопштени, но западните медиуми пренесуваат дека клучните понуди во него вклучуваат: примирје, раздвојување на завојуваните страни на истокот на Украина со можно разместување на „сините беретки“ на ОН и преговорите за федерализација на земјата слични на оние од Дејтонскиот мировен договор.

Разговорот помеѓу лидерите трае подолго од четири часа, јавува ТАСС.

Меркел и Оланд заминаа на разговори во Москва по договорите што вчера беа постигнати во Киев со украинскиот претседател Петро Порошенко.

По првиот час од разговорите, тројцата државници дошле до медиумите, но не дале изјава, туку само им овозможиле на фоторепортерите да направат неколку фотографии, по што продолжиле разговорите.

фото: ТАСС