
Маж инфициран со вирусот на Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) почина во болница во Германија.
Во соопштението на болницата од градот Остеркапелен, како што пренесува ТАСС, се наведува дека 65-годишниот маж починал како последица на компликации предизвикани од инфекцијата со МЕРС.
Тој се инфицирал со вирусот при престој во Абу Даби во февруари годинава.