Меси покажа дека е како разјарен бик

Лионел Меси се врати на фудбалскиот терен по пауза од 59 дена, ги одигра последните 25 минути од првиот 1/8 финален натпревар од Купот на Шпанија и на најдобар можен начин, со два погодока, покажа дека последната повреда е веќе минато за се уште најдобриот фудбалер на денешницата.

Најголемиот фаворит за победничкиот пехар во ова натпреварување не дозволи никакво изненадување на “Ноу Камп” и со убедливи 4:0 го победи тимот на Гетафе, а освен Меси, два погодока на натпреварот постигна и одлчиниот играч за врска, Сеск Фабрегас.

“Јас сакам да останам на “Ноу Камп” и тука да ја завршам мојата професионална кариера. Ако се биде во ред, тогаш сигурно ќе играм против Атлетико (М). Пред натпреварот ќе зборувам и со Тата Мартино и со клупскиот доктор. Секогаш сум фокусиран на мојот клуб и секогаш ја имам истата желба за победа. Очајно го посакував овој кам-бек, предолго бев отсутен од фудбалскиот терен. Веќе не чуствувам никаква болка”, изјави по натпреварот Лионел Меси.

Резултати: Бетис – Атлетик Б. 1:0, Алкоркон – Еспањол 1:0, Барселона – Гетафе 4:0, Сантандер – Алмерија 1:1.