
Подолг период кружеа гласини околу евентуалното пристигнување на Раде Стојановиќ во тимот на Металург, а сега дојде и до официјализирање на тој договор.
Откако од тимот си заминаа речиси сите првотимци, раководството на клубот напорно работи за да доведе квалитетни засилувања за ограничени средства, а Стојановиќ е токму таква аквизиција.
Долгогодишниот репрезентативец на Македонија уште денеска би требало да му се стави на располагање на Лино Червар и да почне со тренинзи во редовите на актуелниот првак на Македонија.