Мијте ги забите во темница, еве зошто!

Иако звучи тотално лудо, лекарите советуваат пред спиење рутините за лична хигиена да ги извршуваме во мрак, а тоа и тоа како има смисол.

Дали имате проблеми со спиењето, страдата од несоница, се будите во текот на ноќта, а наутро станувате уморни и ненаспани? Верувале или не, за тоа можете да го обвините својот тоалет.

Како што тврди Расел Фостер, научник од Оксфорд, премногу осветленото купатило може да ни го поремети сонот. Затоа, тој препорачува миењето заби, одењето во тоалет и другите работи да ги правите во мрак.

2

-Спиењето е нашата најважна активност. Во текот на животот 36 отсто од времето го поминуваме во сон. Затоа е важно да направиме се за спиењето да тече како што треба, вели професорот Фостер.

Овој научник смета дека вештачкото осветлување е главниот виновник за проблемите со сонот.

-Луѓето интуитивно знаат дек навечер би требало да го пригушат светлото, па во дневната и спалната соба ставаат ламби за благо осветлување на просторот. Меѓутоа, која пред спиење ќе одат да ги измијат забите, тие влегуваат во тоалетот кои најчесто е осветлен со блескава сијалица или неонска ламба, вели тој.

Научникот додава дека ваквото светло не расонува, шокира и го буни нашиот организам, па не е ну чудо што кога конечно ќе легнеме во кревет, сонот никако не ни доаѓа.

Затоа, тој препорачува во тоалетот да има специјално пригушено светло во текот на ноќта.

Исто така, Фостер е противник на вештачкото осветлување во канцелариите и домовите, кои неретко горат во текот на целиот ден и ноќ.

3

Сијалицата е изум кој човештвото не го користи ниту полни 150 години, а прашање е колку вештачката светлина има влијание врз нашите гени.

Затоа, за здрав и квалитетен сон, би требало да живееме во склад со природата, што подразбира за време на ноќта што повеќе време да поминеме во мрак.