
За пратеникот Антонио Милошоски тоа што го прави опозицијата на чело со СДСМ и Зоран Заев, од денеска е со амин и на Бранко Црвенковски, и дека со тоа сакаат да докажат дека народот згрешил што ним не им ја дал довербата.
-Додека тие ја кодошат сопствената земја, соработуваат со странски служби и креираат судири по национална, верска и етничка поделба меѓу граѓаните, Груевски нуди инвестиции, нуди нови работни места, нуди субвенции за земјоделците, се ангажира за развојот на економијата, истакна Милошоски на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево.
Според него, Заев бомбардира дека нуди слобода и демократија, правда, обвинува за криминал, а заборава дека народот го помни скандалот за „Глобал“ и неговата аболиција.
-Тие велат се залагаат за слобода и демократија. Ако сакааат да разговараат искрено за тоа и за други актуелни теми нека повелат во Собранието на Република Македонија. Таму се разговара и договара јавно и транспарентно и за реформи и за програми и за сите битни прашања за граѓаните и за државните интереси на Македонија, рече Милошоски.