Мисајловски: Со изградбата на регионалниот пат Мокрино – Смолари ќе се поврзат 10 населени места

-Изградбата на овој пат беше едно од најголемите барања на жителите од овој регион, велам најголемо затоа што од една страна со изградбата на овој правец се скратува времето за патување кон границата кон Бугарија, а од друга страна ќе се поврзат десетина населени места, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.misjalovski.jpg7Овој правец е со должина од 4 километри, а инвестицијата е вкупно 1, 2 милиони евра. До сега асфалтирани се околу 1 километар. Дополнително се работи на други земјени работи, генерално над 40% од градежните работи се завршени.misjalovski-Изградбата се одвива согласно утврдената динамика, очекуваме според договорот овој патен правец да биде завршен во август – септември. Генерално само во овој регион инвестициите во патната инфраструктура се над 16 милиони евра, изјави Мисајловски.misjalovski.jpg6Тој нагласи дека покрај овој патен правец следната година ќе започнеме и со изградба на регионалниот пат од Старо до Ново Коњарево во должина од 4 километри и инвестиција 1.3 милиони евра.misjalovski.jpg4Исто така преку програмата на ЈП Македонија пат се врши реконструкција на регионалниот пат Струмица – Ново Село – Граница со Бугарија во должина од 10 километри и инвестиција некаде околу 1 милион евра. Оваа делница комплетно ќе биде завршена во 2017 година.misjalovski.jpg3Исто така се реконструира и регионалниот пат Попчево – Белотино – Рич во должина од 9 километри и инвестиција од околу половина милион евра. И овој патен правец планираме да биде завршен до 2017 година.misjalovski.jpg2Стојанов изјави дека покрај асфалтирањето во тек се работи на земјени работи на пропусти и очекува патот да биде завршен согласно договорот. Тој најави и реконструкција на регионалниот пат кон граничниот премин со Бугарија.misjalovski.jpg1Градоначалникот на општина Ново Село изјави дека овој патен правец е една од најзначајните инвестиции во општината која ќе придонесе за развој на туризмот.