Мисти Апхам пронајдена мртва

Актерката Мисти Апхам која исчезна пред десетина дена, беше пронајдена денескa.

32-годишната актерка која се појавува во филмот „Џанго“ беше пронајдена покрај реката „Вајт Ривер“ во Вашингтон. Иако телото сѐ уште службено не е идентификувано пронајдена е торба со нејзините лични документи.

Актерката која страдаше од биполарно пореметување, последен пат е видена кога го напуштила станот на сестра си во Сиетл.

Апхам пред некое време престанала да ги зима лековите, изјавил нејзиниот татко за кој се грижела поради проблемите со срцето.