Млад фудбалер почина во сон

Уште еден фудбалер почина во сон и тоа само неколку дена по смртта на Давиде Астори, капитенот на Фиорентина.

Станува збор за младиот фудбалер на Тур, 18-годишниот Томас Родригез, кој починал во тренинг-центарот на францускиот второлигаш.

Родригез се наоѓал на почетокот од својата кариера и веќе имал неколку настапи за резервниот тим на Тур.

„За жал, по новата фудбалска трагедија со смртта на Томас Родригез принудени сме да го одложиме натпреварот меѓу Тур и Валенсиен што требаше да се игра денеска. Сите натпревари од првата и од втората француска лига ќе почнат со една минута молчење“, се вели во соопшштението од француската лига.