Модна дизајнерка закана за бракот на Бијонсе и Џеј Зи

Откриено е зошто Соланж, помалата сестра на Бијонсе, во лифтот на хотелот го нападнала својот зет Џеј Зи. Имено, гласините се сè посилни дека Џеј Зи се зближил со модната дизајнерка Рејчел Рој која е, имено, пријателка со Ким Кардашијан.

40-годишната Рејчел Рој премногу се вртела околу Џеј Зи на вечерата во Метрополитен музејот на уметностите, а тоа многу почнало да ѝ пречи на Соланж која заштитнички се однесувала па затоа го нападнала Џеј Зи и го тепала.

„Ју Ес Викли“ пишува дека Соланж ја предупредила дизајнерката дека секој кој ќе му се приближи на Џеј Зи, ќе мора прво да се пресмета со неа. Но, Рејчел е тврд орев па сериозно влегле во конфликт, дотолку што Џеј Зи и Бијонсе морале да ги разделуваат. Работите, после тоа, како што е познато, ескалирале во лифтот.

Рејчел е поврзана на многу начини со сестрите Бијонсе и Соланж. Рејчел била мажена за менаџерот и бизнис партнерот Џеј Зи, Дејмон Даш, од кого се развела во 2008 година. Освен тоа, таа е пријателка со старлетата Ким Кардашијан која ќе се мажи за пријателот на Џеј Зи, Канје Вест.